Некој меѓу нив не е нивни, обединувањето во СДСМ се претвори во раскол

Операцијата за враќање на Никола Груевски во Македонија, на тој начин што Врховниот суд ќе ја оживи аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, веќе е задоцнета, во овој момент правно речиси неизводлива, политички прескапа и без поддршка од меѓународниот фактор, пишува Бранко Героски во текстот според кој поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, влегол во остра конфронтација со сегашните челници на својата партија, во обид да го осуети планот на ДУИ за враќање на Груевски преку притисок на Врховниот суд.



,,Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ пред извесно време одглумија единство, но потоа се случи операцијата „враќањето на Груевски“

Зоран Заев, поранешниот премиер и претседател на СДСМ, вложил силни напори да ги одврати претседателот Димитар Ковачевски и генералниот секретар Миле Зечевиќ од намерата да учествуваат или да ја поддржат операцијата за обновување на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, за да се создадат услови за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во земјата.

Операцијата ја води водството на ДУИ, на чело со Али Ахмети, но во согласност со челниците на СДСМ. Идејата, наводно, е Груевски, откако експресно ќе се врати во земјата, да оформи политичка фракција во ВМРО-ДПМНЕ и да го намали резултатот на најмоќната опозициска партија на следните парламентарни избори. Ова во ситуација кога сега, на неколку месеци пред изборите, сите анкети покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Засега не е познато дали и Груевски активно учествува во оваа операција и дали се согласил со својата ролја на човек што ќе го симне својот наследник Христијан Мицкоски од тронот во ВМРО-ДПМНЕ. Но, неспорно е дека иницијативата на адвокатот Миле Наумовски од Скопје до Врховниот суд, во која тој бара Судот да утврди начелен став и начелно правно мислење за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател Иванов, оди во прилог на бегалецот во Будимпешта.

Врховната судијка Беса Адеми јавно сведочи за политички притисоци
Врховниот суд има рок од шест месеци да расправа за иницијативата на адвокатот Наумовски, но притисоците врз Судот почнале веднаш по поднесувањето на иницијативата. Во интервју за порталот СДК, Беса Адеми, претседателката на Уставниот суд, јавно сведочи за тоа:

„Врховниот суд е под страшен политички притисок, како знае и умее да ја оживее амнестијата на Ѓорге Иванов врз непостоечки член, за да се спаси Никола Груевски, кој со измените на Кривичниот законик не е доослободен комплетно. Им треба на некои партии да дојде тука за предизборни математики, а ослободувањето може да се случи само со начелен став од Врховниот суд, од кого се бара да си го погази зборот и да порекне дека аболицијата на Иванов била незаконска“, изјави таа во интервјуто, кое предизвика голема нервоза кај авторите на планот за враќање на Груевски” пишува Героски.

Плусинфо неофицијално дознава дека судијката Адеми се пожалила на политички притисоци и кај некои амбасадори на западни земји, по што американската амбасадорка Анџела Агелер го посети Врховниот суд и на врховните судии им даде поддршка да судат слободно, според Уставот и според законите. И додека посматрачите се обидуваа да протолкуваат што сакала да каже амбасадорката Агелер, Судскиот совет ја повика судијката Адеми на состанок, за да ги „објаснела“ своите изјави. Но, таа писмено го отфрли барањето на Судскиот совет да се појави на „сослушување“ во понеделникот на 6 ноември, објаснувајќи дека „написите за состојбите во судството, вклучително и написите за потенцијални или присутни влијанија, треба да се вреднуваат како суштински придонес за независноста на судството“.

Кој ја охрабрил судијката Беса Адеми вака да одговори на притисоците? Амбасадорката Агелер или можеби и некој друг?

Има ли Заев „лични интереси“ да го осуети планот за враќање на Груевски?
Добро упатен извор, близок до една од владејачките партии, на своја иницијатива, во саботата го информираше Плусинфо за очекувањето на актерите на планот на ДУИ судијката Беса Адеми да потклекне на „сослушувањето“ во Судскиот совет. Изворот тврди дека меѓународниот фактор е согласен со овој план и дека единствениот што се обидува да го минира е поранешниот премиер Заев, се вели во анализата на Героски.

Целата анализа на овој ЛИНК