Учеството во работното тело е обврска кон државата и нема да бара надоместок за споделување на своето искуство и мислење околу изготвувањето на измените на уставот, вели поранешната судијка во Стразбур Маргарита Цаца Николовска за Канал 5.
Таа очекува работата група да допринесе кон создавање на еден општествен консензус околу уставните измени.
Вели дека нивната одговорност е голема, но сепак последниот филтер ќе бидат пратениците во Парламентот и дека тие ќе имаат најголема одговорност при носењето на важните стратешките одлуки на државата.
Работната група за уставните измени треба да стартува со работа од идната недела. Најпрво ќе одржат конститутивна седница на која ќе изберат претседател и заменик и ќе ја договортат динамиката и методологијата на работа.. по што и официјално ќе започнат со подготовка на амандманите.
Работното тело ќе брои 23 членови – десет партиски преставници, десет експерти и по еден представник од МНР, СЕП и Претседателскиот кабинет. Засега ќе стартува со работа со партиски претставници само од владината коалиција, откако ниту една од опозициските партии не делегираше свои претставници.
Од Правда посочија дека работната група се уште останува отворена за проширување и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.







