Некогашниот близок соработник без калкулации: Зоране, газиш по коските на нашите претци!

Има ли крај на ова самопонижување, прашува на фејсбук актуелниот градончалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој неодамна беше исклучен од СДСМ поради спротиставување на политиките на премиерот Зоран Заев. Во реакција на денешната изјава на Заев дека треба да се тргне изразот Бугарски пред фашистички окупатор, Димитриевски му порача на премиерот дека гази по историјата и по коските на нашите претци.



– Зоране, пријателе, збoруваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Македонците и сојузничките балкански народи беа и се уште се антифашисти. На 11ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник а ти како актуелен Премиер. Сега молкот е повеќе од срам, напиша Димитриевски.