Нека се извини па ќе имаме дебата-Арсовска:Шилегов не знае ништо друго освен црна кампања

Пред Петре Шилегов да повика на дуел, го повикав да се извини за сите навреди, но тој не се одважи да се извини. Кога ќе се извини, уште истиот ден ќе имаме дебата, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје на вечерашното гостување на „Топ тема“ на Телма.



Според неа, она што Шилегов го прави е само црна кампања.

– Верувам дека граѓаните ќе знаат да препознаат дека црната кампања е резултат затоа што Шилегов не работел четири години. Очекувам црната кампања да биде поизразена во наредните денови – рече Арсовска, посочувајќи дека таа не сака да влегува во дебати во кои тема е црна кампања, туку што треба да се направи за граѓаните.