Русија долго време се меша во политичките процеси на Балканот, што е основата на многу проблеми во регионот, изјави поранешната бугарска министерка за надворешни работи Надежда Нејнски.
Таа смета дека позицијата на Бугарија како сојузник во НАТО е, прилично чудна, а Бугарија не покажувала интерес за нејзината национална безбедност, не само во однос на руско-украинската криза, туку и за регионалната безбедност.
„Не случајно руската амбасада во РСМ излезе со став дека Гоце Делчев е симбол на ослободителната војна во Македонија“ вели Нејнски како што пренесува Њуз.Бг.
„Не знам дали ЕУ и НАТО, како што се шпекулира, нè притиснаа да го укинеме ветото, но можеме да ги видиме обидите на Русија да шпекулира со историјата на Бугарија, да ја промени и да се обиде да го предодреди спорот меѓу Бугарија и РСМ и да се мешаат во односите меѓу двете соседни земји што не е од вчера.
Оваа демонстрација против Македонија, а неодамна и Путин, кој вели дека словенската азбука во Русија дошла од македонско тло, е конзистентна политика што ја води Русија…
Поранешната министерка вели дека „оваа политика на раздели па владеј на Балканот, всушност, е основата на многу проблеми што ги имаше Балканот во последните години“.







