Заинтересираноста на младите во Србија за вакцинацијата против Ковид-19 е незадоволителна. Само 17,2 проценти од младата популација сака да се имунизира а тоа мора да се забрза во текот на летото изјави државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек.
– Со толку низок процент на имунизација на младите и со делта сој што ќе ја покаже својата сила само за еден месец или два, едвај можеме да чекаме мирна есен и неизбежен е четвртиот бран, што веројатно ќе дојде пред есента, изјави тој за РТС. Според него, во Србија досега се вакцинирани 2.416.560 возрасни граѓани на Србија, што е 48,4 проценти.
Ѓерлек напоменува дека оние кои не се вакцинирани, играат „рулет со опасен вирус“ целосно непотребно, бидејќи имаме „милиони дози на вакцини“. На прашањето за Делта сојот, тој рече дека во Србија се регистрирани два случаја пред неколку дена и дека состојбата се следи.






