На социјалните мрежи се појавија нехумани коментари на фотографии на кои се гледа дека вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ не може да го закопча партиското елече од акцијата на СДСМ ,,Рамо до рамо”.
Во коментарите има дискриминирачки однос кон вицепремиерот Маричиќ на основа на изглед во случајот обезност или дебелина.
Личниот изглед на Маричиќ или било кој друг функционер не смее да биде причина за негативни коментари или дискриминација.
Јавната дебата во која се коментираат јавните личности вклучувајќи ги и политичарите не треба да содржи забелешки за нивниот личен изглед, етничка, сексуална или верска припадност или пак дебелина како во случајот со Маричиќ.
За подбивањето со обеситоста на Маричиќ може да реагира државната комисија за дискриминација а може да реагира и одделот за стопански и компјутерски криминал на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој може да го заштити Маричиќ од навреди на база на обезност.
🍟Зошто @Bojan_Maricikj не може да го закопча елечето ? pic.twitter.com/JKB3JwQ5RF
— Демир (@Trollowsky) May 6, 2023
Последни вести
Срамно за Софија, срамно за Европа, срамно за ЕУ
Европа треба да употреби казнени механизми за Бугарија да ги почитува правата на македонците






