И третото рочиште од судскиот процес против браќата Нефи и Ибраим Усеини за физички напад врз охриѓанецот Спиро Топаловски – е одложено. Причина за неодржувањето е што поради Ковид-19 на првообвинетиот Нефи Усеини му е изречена мерка домашна изолација.
Првото рочиште од процесот беше одложено за 26 октомври, поради влошената здравствена состојба на Ибраим, брат на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини, а не се појави ни оштетениот Топаловски.
Второто рочиште не се одржа бидејќи второобвинетиот Ибраим Усеини беше на оперативно лекување во странство, ноп и поради и стоматолошка интервенција на оштетениот Спиро Топалоски.





