Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини кој чека пресуда за тепањето на сограѓанинот Спиро Топалоски, како и одлука од обвинителството дали ќе го гонат за двете дивоградби, го прошета министерот за економија Крешник Бектеши низ охридската чаршија. Откако Усеини го запозна како работат локалните трговци, министерот беше гостин и во дивоградбата на бизнисменот изградена на државно земјиште.
Во пицеријата лоцирана близу Чинарот во чаршијата, Усеини го пречека Бектеши и со ручек, на истата тераса за кој „А1он“ пред скоро три години обзнани дека е изградена без одобрение на
државно земјиште. Истата, се уште ниту една институција не ја отстрани.
Министерот даде и седум минутна изјава за медиумите пред дивоградбата на
Усеини, но не беше прашан ниту одговори кое е неговото мислење за незаконското постапување на бизнисменот.
Линк до целиот текст.







