Екстремно високи темеператури се очекуваат во Македонија откако земјава се соочува со топлотен бран. Температурите кои се најавуваат ќе бидат натпросечни за овој период од годината а најтопло се очекува да биде во четврток и петок за кога се очекуваат 40 степени



Утринските температури ќе се движат од 13 до 22, а максималните од 32 до 40 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 39 степени.