Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, соопшти прв на својот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека ова решение е во интерес на граѓаните.



„Неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, напиша Заев.

Владата го задолжи министертсвто за труд во рок од 15 дена да ја вметне одлуката во него. Од таму велат дека денеска се формира рабтна група која ќе ги утврдува детали заедно со засегнатите. Потоа не биде дали во недела ќе одмараат сите или само некои.

Вработените во трговијата, кои беа најмногу погодени од досегашниот начин на работа, со воодушевување ја примија веста.

Дел од бизнисмените сметаат дека прогласувањето на недела за неработен ден, е оправдано само сега, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјава.

Тие велат дека ако неделата се работи, таа треба дополнително да му се плати на работникот, а потоа задолжително да му се даде еден слободен ден во текот на наредната недела.