Недела неработен ден – изборот на продавници кои работат е ограничен

Новите законски правила со кои во недела не се работи во многу нешта ги пореметија плановите и навиките на граѓаните, купувачите, кои се уште не се соочиле со овој проблем и допрва треба да бараат решенија за своите планови недела, слободен ден, да го користат за пазарење.



Исклучоци во трговијата кога може да се работи и во недела и на празник се: специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност.

Исто така во недела може да работат продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун; продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 квадратни метри; штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела; продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и зелените пазари.