Нечовечко однесување на лидер на Бугари во Македонија: Македонците во Бугарија ќе бидат биолошки решени

Еден од лидерите на Бугарите во Македонија Петар Колев со нечовечки коментар за Македонците во Бугарија и членови на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград.



Лидерот на партијата ГДУ која на последните парламентарни избори доби само 2000 гласови во цела Македонија вели дека прашањето за Македонците во Бугарија ќе се реши со помош на биологија односно дека по смртта на дел од сегашните македонски активисти ќе ги снема Македонците.

,,Биологијата е наука, решила редица прашања на човечештвото. Таа е на пат да ги реши за “македонците” во Бугарија”, пишува Колев во навредливиот и дискриминирачки коментар на база на старост на македонските активисти.

Колев објавува слика од активисти на македонскиот клуб во Благоевград алудирајќи дека се стари, дека наскоро ќе умрат и дека кога нив ќе ги нема тогаш ќе исчезнат македонците во Бугарија.

Колев во статусот македонците ги става во наводници со што јасно става до знаење дека не ги признава луѓето со кои што живее во Македонија.

Лидерот на ГДУ ставот го именувал како саркастичен но тоа не го амнестира од процес кој може да го поведе македонската комисија против дискриминација, пред се поради дискриминација на база на старост.

Посебно прашање е дали Колев за своите активности во Македонија од Бугарија зема пари кои како даноци ги плаќаат токму Македонци од сите краишта на соседот кои тој ги чека да умрат.