По обидот на Оливер Спасовски да ја злоупотеби полицијата во Куманово за пресметка со Димитриевски во Сопиште нови закани за злоупотрби на институциите за политички цели.
Директорот на Финансиската полиција најавува дека ќе злоупотреби инспекција за да го смени актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
“Заев во паника од пораз ги злоупотребува државните институции за политички притисоци. Арафат со нова задача, ќе пуштал инспекции во Сопиште зошто не е негов градоначалникот.
Знаат дека ќе изгубат и затоа Зоран Заев го вклучува неговиот механизам за притисоци.
Директорот на Финансиската полиција се заканува дека ќе прател инспекција на градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски и така на сила ќе го сменеле. Истиот тој Арафат пред неколку дена испорача и кривична пријава, што беше брутална нарачка од власта на градоначалникот на Петровец, Борче Митевски.
Наместо програма – закани, наместо работа – злоупотреби. Затоа, жестоко ќе изгуби криминалната коалиција СДСМ-ДУИ”, пишува ВМРО-ДПМНЕ од каде објавуваат видео со заканите на Муареми.
Видеото со превод на овој линк
https://www.facebook.com/90137764259/posts/10159924345624260/






