Една од најтешко погодените области во Турција е градот Кахраманмарас, на југот на земјата, кој во земјотресот од пред 4 дена е речиси целосно срамнет со земја.



Но, на социјалните мрежи се шири фотографија на која се гледа како една зграда стои недопрена по земјотресот меѓу урнатините на зградите.

„Зградата на сликата е во Кахраманмараш, таа е репрезентативна зграда на Комората на градежни инженери.

Камо науката и технологијата да се применуваат за доброто на луѓето“, пишуваат корисниците на Твитер.