„Во овие први денови од новава година започнува да се појавува се она што го оставивме лани: маките и јадовите, очекувањата и осознавањата на измамите. Денес сме побогати со искуство од една година преполна со неуспеси, со многу ветувања и надежи за подобар живот, година со премногу мрачна реалност. Многу се зборуваше за владеењето на правдата, но се соочивме со најсрамните одлуки на системот на правдата, кој ги осудуваше невините и ги ослободуваше виновниците.“ – вели Дритон Небиу, политички аналитичар и магистер по политички науки, во својата колумна со наслов „Гласот е аманет, а народот ќе го казни тешко предавството на тој аманет“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
Небиу пишува: „Владата на хибридниот режим на ДУИ – СДСМ и минатата година ветуваше владеење на правото, но насекаде спроведуваше неправда. Во затворите во Македонија и натаму се држат осудените од наместените процеси, се обидува да се амнестираат убиецот на деца како Илиќ и криминалци како ‘Нинџа’. Сега се ослободува од притвор и осудениот за неколку кривични дела и осомничен за други кривични дела ‘славниот волшебник“ Мијалков, кој исчезнува и се појавува кога му е ќефот.’
„Целата 2021 година помина во борбата против пандемијата, со надеж дека ќе го вратиме изгубеното здравје, без воопшто да помислиме дека пациенти ќе изгорат токму во болница и оти никој нема да поднесе одговорност, дури ниту и морална одговорност. Без да се залекува оваа болка се случи и друга болка и ни изгореа луѓе низ патиштата во светот и повторно молчевме. Сето тоа помина со две суспензии ‘очи во очи’, отворајќи и го патот на уште поголемата корупција во системот.“
„Сите овие нешта ни се случија по објавувањето на ‘зелената агенда’ на оние чии животи ‘зеленеат’ без никаква работа и без никаков резултат и повторно со многу измами на власта. Во ова ‘зеленило’ никој не очекуваше дека ќе се најде и партијата Алтернатива, токму оние што беа најгласни против креаторите на таа ‘зелена агенда’. Но, Алтернатива на крајот им отрча во скут.“
„Тие го измамија гласачот. Го прекршија договорот и дадениот јавен збор, зедоа освоени мандати на сметка на други. Заборавија дека гласот е аманет, а аманетот не се предава. Ова ќе ги казни на првите избори кога тие ќе станат ‘маалска партија’, исто како што и беа: со една нога ваму, со една нога таму. Но, ова е нивна грижа.“
„Вообичаено, разочарувањето е чувство, кое носи незадоволство кога имате очекувања и цел, но и кога таа цел не се реализира. Тоа создава огорченост и чувства, но претставува и почеток. Почетните чувства можат да бидат само дополнителен поттик за нов чекор кон целта. Населението, разочарано од оние, кои предимство им даваат на личните придобивки пред колективните добра, ќе знае да оценува, но и да казнува. Граѓаните се свесни за тоа кој е со нив и кој работи за нив. Тоа е само опозицијата, Алијансата за Албанците. Оваа партија е со Албанците и таа бара нови избори и гласање за доверба.“
„Потребна е е само ангажираност за подобар живот и борба против корупцијата, измамата, неспособноста и сервилноста. Иднината ни тропа на врата.“ – заклучува Дритон Небиу во својата колумна.





