Грчката опозициска партија Неа демократија (НД) се огласи со соопштение по сторијта на Би-Би-Си за угнетеното „македонско малцинство“ кое со години живее во Грција, јавува АНА-МПА.
Од партијата на Киркјакос Мицотакис повикувајќи ја владата „да разјасни, категорично и кон сите, дека во Грција нема проблем со „македонско етничко малцинство”.
Во соопштението се споменува и „кавгата“ во парламентот меѓу Киријакос Мицотакис и премиерот Алексис Ципрас, и се вели дека пишувањето на Би-Би-Си директно се повикува на говорот на премиерот.
„Одговорноста за Преспанскиот договор и неговите штетни последици лежи исклучиво на владата и нејзините подготвени поддржувачи“, се вели во соопштението.





