Грчката опозициска Неа демократија, жестоко го нападна министерот за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос,  дека се шетал со хеликоптер додека „Скопје ги вклучува таканаречената македонска етничка припадност и јазик во Уставот“.



“Владата на Скопје е подготвена да ја вклучи таканаречената македонска етничка припадност и јазик во нејзиниот Устав, а Панос Каменос оди наоколу и фотографира со хеликоптер на грчката  армија како да е негова.

Со оваа влада дури и зборот срам го изгуби своето значење“, се вели во соопштението на Неа демократија, пренесува „То вима“.

Партијата не објаснува која е врската на летот со хеликоптер на министерот со амандманите на македонскиот устав.