Неа Демократија бара оставки во владата Ципрас

Најголемата опозициска партија во Грција вчера обвини дека на премиерот Алексис Ципрас му требале четири цели дена за да ја прифати очигледната политичка одговорност што ја има за националната трагедија со пожарите кои избија во понеделникот и кои засегаоднесоа 88 жртви..



„Како и да е, во политиката, за одговорностите да значат нешто, тие секогаш треба да се придружени со оставки или смени, инаку тие се политички трикови без значење“, се вели во изјавата на партијата.

„Во секој случај, Ципрас треба да одговори на две тешки прашања што сите луѓе ги поставуваат: зошто владата не презела какви било превентивни мерки, иако сите биле свесни за екстремните временски услови кои ја погодија источната Атика?

И, најважно, зошто, кога пожарот излезе од контрола, не ги информираа луѓето да ги напуштат своите куќи, што резултираше со денешното тажење 86 луѓе.“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека презема целосна политичка одговорност за трагедијата на полуостровот Атика.