Аналогните часовници во испитните сали во Велика Британија ќе бидат заменети со дигитални часовници бидејќи „учениците имаат проблем да го кажат времето на традиционалниот часовник“.
Според Дејли Мејл, наставниците се загрижени бидејќи децата погрешно го пресметуваат времето што останува за време на испитите или губат драгоцено време броејќи го.
„Свесни сме дека некои училишта ги заменуваат аналогните часовници со дигитални. Младите кои полагаат испити се воспитани во дигитална ера и многумина едноставно не гледаат аналогни часовници како што беше вообичаено кај постарите генерации“, рече Џеф Бартон, генерален секретар на Здружението на директори и декани.






