Не запираат реакциите за „Северна“ и поголеми Македонци на Рангелова

Три дена по интервјуто на експратеничката Даниела Рангелова на социјалните мрежи не запираат реакциите за нејзината изјава според која, ако се користи придавката Северна, никој немало да стане помал или поголем Македонец.



Дел од коментарите на ваквиот став на Рангелова не се за објавување затоа што содржат навреди на сексуална основа.

На темата уставното име во интервјуто Рангелова потенцира дека избегнувањето на користење на Република Северна Македонија нема да не направи поголеми Македонци и дека таа го користела од собраниската говорница.

„Република Северна Македонија е нашето официјално име. Во Собрание секогаш кажував Република Северна Македонија, и ние не можеме да се лажеме дека не сме Република Северна Македонија, тоа е исто како да кажеме сега надвор не е облачно, a тоа е факт. Избегнувањето на користењето на терминот нема да не направи повеќе Македонци, тоа е факт.“, рече Рангелова во гостувањето во „Утрински Брифинг“, на „Слободен Печат“.

Линк до интервјуто