Не заминуваат „голи и боси“ од Македонија, туку со по 40.000 евра во куферите


Дамир Незири, претставник на Вестминстер фондацијата за демократија, изнесе интересна математика за тоа колку губи Македонија, односно колку изнесува секоја високообразована личност што ја напушта Македонија:



„Со себе има два куфери. Во едниот куфер има 29 илјади евра, тоа се пари кои државата, тој самиот и неговите родители ги вложиле за тој да заврши факултет. Толку чини еден млад човек да заврши факултет во оваа држава. Во другата рака има куфер кој има 16 илјади евра. Тоа е негов потенцијален придонес кон БДП на годишно ниво, кога би останал во оваа држава, преку плаќање даноци, преку директна потрошувачка….

Ова лице кога ќе замине од државата изнесува над 40 илјади евра – рече Незири, додавајќи дека тоа се наодите до кои дошле низ истражување, пресмета Незири пред пред почетокот на панел дискусијата „Повратна, или карта во еден правец? Како земјата се справува со одливот на мозоци?“ во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци.

Извор: Плусинфо