Од првиот ден на авионската несреќа има бројни теории на заговор за смртта на Евгениј Пригожин иако официјален Кремљ го потврди загинувањето на шефот на платеничката формација „Вагнер“.
Не е мал бројот на оние кои веруваат дека неговата „смрт“ му одговара и на Путин и на него.
Зошто инаку Пригожин, ако знаеше дека е потенцијална цел, би бил во Русија и би се качил во авион?
Фактот дека телата наводно биле целосно изгорени предизвикува сомнеж кај многумина.
Една од теориите е дека не Пригожин, туку негов двојник загинал во авионска несреќа.
„Руските медиуми продолжуваат да шират теории на заговор и да инсинуираат дека Пригожин е жив, а неговиот двојник е мртов.
Наводно, денес сопругата на најпознатиот двојник на Пригожин, била видена на гробот на Пригожин на гробиштата Прохоровски.
Според руските медиуми, сопругата на Леонид Красавина, Ирина, изгледала депресивно“, изјави Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина.






