Организаторите на протестот кој во 20 часот започна пред Собрание преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните ако забележат лице со фантомка, да му ја симнат и да го предадат на полиција.
На вечерашниот протест не смее да се дозволи да има луѓе со фантомки на главите, порачаа од студентското движење „Млади за Македонија“ кој е организатотор на протестот.
„Кружат информации дека на денешниот протест ќе има инфилтрирани провокатори со фантомки, кои имаат за цел да ја нападнат полицијата и да предизвикаат немири“ повикаа организаторите како што пренесува „Макфакс“.
Протестот се одржува под мотото „„Никогаш Северна, секогаш Македонија“, а на демнстрантите се приклучија и членовите на навивачката група „Комити“.
https://www.facebook.com/makfax/videos/10155826280273353/





