Не три, туку десет години Македонија со најнизок раст на БДП во регионот!

Светска банка ѝ прогнозира на Македонија најнизок раст на екомонијата во регионот три години едноподруго, почнувајќи од годинава, но ако на тоа се додадат последните седум години станува збор за цела деценија!



За оваа година Светска банка очекува македонскиот бруто општествен производ да порасне само 1,8 проценти, в година 2,5 отсто и во 2025 година 2,9 отсто.

За споредба, БДП на Црна Гора годинава ќе порасне 4,8 проценти, в година 3,2 и по два години 3,1, на Албанија 3,6 отсто, па 3,2 и 3,2, на Косово 3,2 отсто, потоа 3,9 и 4, на Босна и Херцеговина 2,2, па 2,8 и 3,4, а на Србија 2 отсто годинава, 3 идната година и 3,8 отсто во 2025 година.

Кумулативно, од 2017 до 2022 година македонската економија забележала вкупен раст од 8,5 отсто. Дека е на дното во тој поглед и во поширокиот регион од Западен Балкан покажува графиконот: