Повеќе од половина граѓани 52,3 проценти сметаат дека нема зошто да се разговара со Бугарија за отворените прашања надвор процесот на евроинтеграции, додека 42,2 отсто сметата дека треба да се решаваат без оглед на евроинтеграциите, покажува анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма спроведена на почетокот на месецов.



На прашањето „според Вас, Македонија треба да ги решава отворените прашања со Бугарија без оглед на процесот на евроинтеграции? најмногу од испитаниците – 52,3 отсто рекле „не, нема зошто да се разговара со Бугарија за овие прашања“, 42,2 проценти рекле „да, тие прашања треба да се решаваат без оглед на евроинтеграциите“, додека 5,2 проценти рекле „не знам“, а 0,3 отсто одбиле да одговорат.