Поранешниот државен секретар во германското МНР Михаел Рот кој беше еден од најактивните европски политичари кои ја убедија владата на СДСМ и ДУИ да го сменат уставот со уставното име сега самиот зборува за Македонија без Северна.
Рот кој деновиве е во Скопје каде упати драматична порака за ситуацијата во која се наоѓаат Македонците денеска во изјавата ја спомна Македонија без да ја спомене Северна.
Рот денеска во Скопје се сретна со претставници на власта, опозицијата и невладиниот сектор.
Делот од изјавата каде Рот зборува за Македонија без северна е пред петтата минута од видеото.
За разлика од Рот кој кажа само Македонија во преводот од германски јазик преведувачката преведе Северна Македонија односно во преводот додаде или измисли збор кој говорникот не го кажа.
Повеќе за драматичната порака од Рот за ситуацијата во која според него се наоѓа земјата.
Шеф на комисија во Бундестагот предупредува: Македонците се во драматична ситуација (ВИДЕО)
Поврзана вест






