Не сум редар да барам сертификати, вели Груби за славењето 20 години Рамковен

Првиот вицепремиер, Артан Груби, подговарајќи на новинарско прашање, денеска рече дека „не е редар за да бара сертификати“ пред утрешното централно одбележување на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.



„ Не сум редар за да барам сертификати, прашајте ги службите. Не знам јас за тоа, ре;е Груби кога беше запрашан дали на утрешниот настан ќе биде дозволено да присуствуваат само вакцинирани гости. Тој рече дека за почитувањето на протоколите е задолжен организаторот, а не лично тој и дека бил во постојана консултација со Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје – Скопје.

Прославата со 300 гости во скопски хотел, се одржува е пред официјалниот почеток на новата владина мерка со која од 16 август ќе биде забрането присуство на невакцинирани на настани и во угостителски објекти со повеќе од 30 присутни.