Тие што пуштаа само бомби што им одговараат, лажеа семејства за убијците на Смилковското езеро и преку своите богови и медиуми линчуваат луѓе не се толму во главите и не го разбираат бесот на народот, смета новинарот и политички аналитичар Ивор Мицковски кој не ја смета за искрена пропагандата на власта во која се бара граѓаните да не го судат криминалот на Онкологија додека не заврши судскиот процес.
,,Је*оте, шампионите на сензационализмот кои селективно пуштаа бомби и тајно рекетираа и се уште рекетираат, оние кои ветуваа правда за Смилковско и лажеа ужалени семејства, кои збореа ќе имало правда за сите, кои ветуваа бесплатно здравство, кои ден денес водат линчови и хајки со платени медиуми, денес зборат за воздржаност, презумпција на невиност и избегнување хајки.
Не сте токму со главите и не го разбирате баш бесот на народот”, пишува Мицковски давајќи своја лична оценка за менталниот капацитет на власта да ги разберат своите граѓани.






