Не сте/сме виновни!

Виновни се оние пет гадови и нелуѓе. Можеби е виновна полицијата која не реагирала адекватно и навремено. Можеби се криви медиумите, кои во потрага по сензации објавуваа и што треба и што не треба. Сигурно е виновен распаднатиот систем, нефункционалните институции, неспособната власт, шурувањето со криминалците, немањето чест и образ. На крај свој удел има и лошата среќа, играта на судбината и оној мал милион случајности кои овозможиле целото злосторство да биде извршено без никој да се најде во состојба да го спречи.
Но не сте виновни вие. Не сме криви ние. Ни мојот сосед Деки од втори спрат, ни твојот братучед, ни тетката во продавница, ни типот што вози такси или онаа девојка која чека автобус со смрзнато носе. Не може да биде виновна целата нација, да се обвинуваме меѓусебе и да врескаме како „се е тоа поради нас“, затоа што „сме зли, себични и расипани“. Не сме!
За глупавиот избор на властодршци о да, виновни сме. За ноншалантноста со која прифаќаме да не крадат, газат и понижуваат секако. За недостатокот на храброст, дисциплина, енергија исто колективно треба да се осудиме. Но за ова не сме виновни. Овој добар, питом, благ, чувствителен медитернски народ не може да биде суден за злосторство во кое не учествувал ни директно ни индиректно и затоа нема ништо полошо од оваа заразна самоосуда, мазохистички порив да се самопоразиме и самоповредиме за неделата на некој друг. НЕ СМЕ ВИНОВНИ!
И од таа точка треба да тргне отрезнувањето и преобразбата со кои во иднина ќе го натераме системот и ќе ја принудиме нашата држава да биде посилна, поумешна, посовесна и ќе превенира никогаш повеќе да не ни се случи судбината на Вања.
Фејсбук статус на новинарот и водител на емисијата „Заспиј ако можеш“ Драган Милосављевиќ