Не смееме да дознаваме за нашата иднина од Софија: Милошоски го кани Османи во Собранието

Наместо детали за македонско-бугарските преговори, патокази и анекси да се дознаваат од пратеници или министри во Софија, добро е владата на оваа тема да прифати јавна дискусија во Собранието, како претставнички дом на сите граѓани, а во интерес на демократијата и државата.



Оваа порака ја упатува денеска претседавачот со Комисијата за надворешна политика во Собранието Антонио Милошоски кој го повикува шефот на дипломатијата Бујар Османи да каже кои се македонските позиции за планот 5+1 за чии македонски одговори јавноста не знае ништо.

Милошоски на Османи му дава избор седницата да се одржи во наредниве 10 дена а министерот да одлучи таа да биде јавна или тајна.

Повеќе бугарски извори откриваат делови од планот 5+1 откриваат екс министерот за внатрешни и надворешни работи Љубомир Фрчкоски пред неколку дена изјави дека веќе има јасен договор кој наскоро ќе биде објавен.