Со звуците на „Интернационалата“ и „Бела чао“  почна денешниот традиционале првомајски протест на работниците организиран од ССМ. „Држава ви изградивме без плата не оставивте“, „Луксузот ваш е од трудот наш“, „Се да застане работникот да опстане“, „Цените пораснаа, платите пордпаднаас“ беа само дел од пораките испишани на транспарентите кои ги носеа работниците марширајчи по скопските улици.



Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, ги повтори барањата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари на сите вработени и тоа уште од утре и потпишување на општ колективен договор со кој работниците ќе може да ги уживаат сите права кои им следуваат со закон. На работодавачите им беше испратена јасна порака, или ќе се повлече преставката пред уставниот суд со која се оспорува недела како неработен ден или ќе се соочќат со штрајк. „ако губиме ние ќе губите и вие“, порача Димовски.