Германија не е сојузник на Украина и  не се меша во алијансата, изјавил германскиот министер за одбрана Борис Писториус како што објави германската телевизија ЗДФ.



Тој нагласи дека сепак Германија е на второ место според обемот на помош за Украина и како што истакна Писториус, „далеку пред другите“.

Писториус вели дека Германија сега е соочена со фактот дека одбранбената индустрија не може да обезбеди испораки во одредени области во потребните количини.

На ова стигна реакција од портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, која на социјалните мрежи објави дека „Писториус ги смени чевлите“.

„Борја отпакува сосема нови мокасини, кои ги доби минатиот Божиќ и ги смени чевлите“ – додаде Захарова на социјалната мрежа.