Дивоградбите во Сарај и Матка, ќе бидат урнати кога ќе заврши периодот предвиден за жалбени постапки, изјави вчера градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.
Точно колку дивоградби има во Сарај градоначалникот вели дека не знае, бидејќи сè уште се решаваат предметите за легализација доставени од граѓаните кои до општината доставиле проект.
Колку време ќе биде тоа вели дека не знае, за секој предмет е различно, но уверува дека во општинската каса имало доволно пари да организира уривање на бесправно изградени објекти, особено во заштитени локалитети.
„Ние и досега сме рушеле и ќе рушиме“, рече Беџети.
Дивоградбите во Сарај и платформите во локалитетот Матка се проблем за кој одговорноста со години се префрла на релација – општина Сарај – Град Скопје – Министерство за животна средина.







