„Ние сме во завршната фаза од преговорите и практично во месец февруари, првата количина на вакцини која ќе пристигне во нашата земја, ќе бидат киенските вакцини и ние практично целосниот процес на имунизација и веќе спремниот систем ќе го започнеме со тие вакцини“, вели министерот за здравство Венко Филипче.



„Не би шпекулирал со точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа и потоа ќе го објавиме“, изјава министерот за здравство, Венко Филипче.

Според министерот станува збор за 200.000 вакцини и се очекува да пристигнат до крајот на месецот.