Не се сеќава на несреќата во која усмрти човек

Сега веќе поранешниот министер за одбрана, Марио Баножиќ, кој вчера предизвика сообраќајна несреќа во која загина татко на две деца – не се сеќава на несреќата.



Како што се дознава, Баножиќ тргнал на лов кога се случила несреќатаво која загинал 40-годишниот Горан Шариќ.

Истрагата за сообраќајната несреќа која ја водеше заменикот на Жупаниското државно правобранителство во Вуковар, утврди дека Баножиќ со приватно возило, движејќи се од правец на Винковци кон Жупања, небезбедно претекнал камион кој се движел во иста насока пред него. Поради тоа, предниот дел од неговото возило се судрил со предниот дел на комбе управувано од 40-годишен маж од спротивниот правец, пренесува Индекс.хр.

Премиерот Пленковиќ вчера експресно го разреши Баножиќ.

Тешко повредениот поранешен министер е на интензивна нега и има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите, но неговиот живот не е во животна опасност.

Не се сеќава на несреќата, вели докторот.