Нашиот став за С. Македонија не е изненадување – нема да се пазариме со нашата совест, со бугарските граѓани и со нивните права, изјави за БНТ потпретседателката на Народното собрание Ива Митева од редовите на паријата на Слави Трифонов, „Има таков народ“.
Никогашнема да потклекнеме на барањата на Македонија
Во врска со повикот на премиерот за свикување на Советот за национална безбедност, на оваа тема, Митева потсети дека во јануари сите партии се обединија околу заедничкиот став на Бугарија во седум точки, но ниту една од нив се уште не е спроведена.
„Рековме дека тоа е нашата црвена линија и така ќе биде до крај“, рече таа. Според неа, зборовите и говорите на премиерот Кирил Петков сугерираат дека треба да го оставиме РСМ да преговара со ЕУ.
„Знаете дека во моментов ја одобруваме рамката за преговори, ги отвораме конкретните поглавја, ова е важно, но целосно ќе ги спроведеме договорите и усвоените документи. Кога ситуацијата не е променета, кога условите не се сменети и ништо не е готово, ние „Нема шанси да ја смениме нашата позиција“, рече таа.







