По денешниот состанок со градоначалникот Петре Шилегов, на кој не е постигнат договор, ќе продожат протестите на пожарникарите.



Тие бараат да им се исплаќа додаток на платата во висина од 20% поради ризикот на работното место, што е овозможено со законските измени од 2014 година.

Досега, таквиот додаток на основната плата не бил исплаќан, по што и го тужеле Градот.

„Овој проблем е стар повеќе од 15 години, мапиран е лоциран е, се вршат измени во Законот за пожарникарство, кој треба да стапи во јуни 2021“, изјави градоначалникот.

Дејан Исаевски, командир во противпожарната бригада и член на иницијативен одбор, вели дека не е задоволен од понудата на Шилегов.

„Не сме задоволни од понудата на градоначалникот, кој три години е на функција, имаше време да го среди Законот. Ние планираме да продолжиме со агендата, протест пред Град Скопје и денеска продолжуваме. И ќе бидат секој ден понатаму. Само смената што е на работа, ќе остане на работа во полн капацитет“, рече Исаевски.