Осуда на обвинувањата и нападите на Претседателот на Евро Атланскиот Совет на Македонија, Исмет Рамадани кон Канал 5 телевизија во емисијата “Само вистина”, извинување кон медиумот и итна оставка од челната позиција на ЕАСМ, побара градоначалникот на Општина Куманово и идејниот творец на новата политичка опција Движење “ЗНАМ” – За наша Македонија, Максим Димитриевски.
“Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено НЕ кога тоа доаѓа од Претседател на Евро Атланскиот Совет на Македонија, г. Рамадани.
ЕАСМ е организација која ги негува и поддржува Европските и Атлантските демократски вредности а со тоа и слободата на изразување, независно новинарство и медиуми, кои што заложби, во овој случај се косат со искажаните ставови на претседателот на организацијата г. Исмет Рамадани во емисијата “Само вистина” на ТВ Канал 5.
Покрај неопходно извинување потребна е и оставка од челната позиција на ЕАСМ на Рамадани.
Како и секогаш представниците на Владата при недостаток на аргументи за одбрана на оваа власт и сите афери кои ги следат си играат со националните чувства и оваа реторика ја репризираат како во минатото.”, порача Димитриевски.







