„Во Движењето БЕСА има многу нови влијанија и големи премини од структурите на ДУИ во нашата партија. Во духот на ова прашање, разговорите се одржуваат и со Хазби Лика и неговите поддржувачи“„, велат од Движењето
Од партијата на Билал Касами тврдат дека се во комуникација со владиниот функционер задолжен за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, Хазби Лика, додека официјален претставник на БЕСА потврдил дека преминувањето на Лика може да се случи по претседателските избори.
За можен трансфер на вицепремиерот Хазби Лика, од редовите на ДУИ, во БЕСА деновиве објави и ТВ21.
Меѓутоа, лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека не знае за можното заминување на Лика.
„Немам такви информации. Хазби Лика е член на Демократската унија за интеграција“ изјави денеска претседателот на Демократската унија за интеграција.




