Не само газдата на „Еуровиа“, туку и неговата сопруга донирала за ДУИ

Не само Елмедин Адеми и неговата „Еуровиа“, туку и сопругата Арбе Адеми преку нејзината фирма „Виаком“ донирала 1.845.000 денари во 2022 година на контото на владејачката партија, дознава А1.Он.



„Виаком“ до 2021 година била под капата на „Еуровиа Холдинг“, но при крајот на јуни 2021 година, оди во рацете на Арбе Адеми.

Сопругата на Елмедин, Арбе Адеми преку „Виаком“ донирала идентична сума како и „Еуровиа“, но за разлика од сопругот, кој од личните средства донирал над 2,5 милиони денари, таа не го сторила тоа.

Овие крупни донации за локалните избори минатата година сепак, останале незабележани за потпретседателот, портпарол на ДУИ и министер за надоворешни работи, Бујар Османи…