Не само фунционерите туку и владините советници со енормно повисоки плати

Според последното ноемвриско ажурирање на листата на вработени советници и соработници во Владата, излегува дека тие во текот на оваа година добиле големо зголемување на нето платите.



Ако премиерот, вицепрмиерите, министрите и нивните заменици и натаму не сакаат да ги објават новите зголемени плати за 78 отсто, барем ако ништо друго можеме да видиме колкави се сега платите на советниците и соработниците во Владата а тие се сега многу повисоки.

Советникот за национална безбедност Зоран Верушевски останува со плата од околу 75.000 денари, но сега на таа висина се доближуваат и советниците за надворешни работи и за административно право. Ако на почетокот на годината овие две места беа платени со 55.000 нето плата, сега Ели Бојаџиеска Ристовски и Елена Оранска Петковска добиваат безмалку 72.000 денари плата.

Во канцеларијата на премиерот, Љубе Бошковски и Аксел Ахмедовски на почетокот од годинава имаа нето плати од 57.000 денари како советници за странски инвестиции и за решавање на правни прашања и постапки, а сега нивните плати се 72.000 денари. Од 57.000 на 72.000 денари зголемување добија и Тодор Богоевски и Елвис Мемети – советници за лица со попреченост, односно за инклузија на Роми.

Линк до целиот текст:

https://faktor.mk/sovetnicite-i-sorabotnicite-vo-vladata-dobija-mnogu-pogolemi-plati