Не сакале да се вратат од Турција за да не одат во карантин

„Со властите од Црна Гора се обидовме да качиме патници од Турција со нивниот хуманитарен лет. Кога им кажавме дека ќе бидат во задолжителен карантин се откажаа од оваа можност“, рече на денешната прес-конференција министерот Никола Димитров информирајќи дека многу македонски државјани бараат да се вратат во земјава а се прават напори да им се излезе во пресрет.



Според него, околу 2.300 македонски граѓани, најмногу од европските држави, побарале да се вратат во земјата преку хуманитарни летови, но откако ќе дојдат тие морат да бидат директно сместени во задолжителен државен карантин, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој ги повика сите граѓани што се немаат пријавено во земјите каде се наоѓаат, во нашите претставништва, тоа да го направат до утре до 18 часот за да има прецизна евиденција и да се организираат овие летови. Во фокус ќе бидат земји кои имаат повеќе граѓани.