Не потпишав за 60 часовна работна недела, вели Пандаровски

Претседателот Стево Пендаровски вели дека немаше да потпише указ за измените на Законот за работни односи доколку во нив имало одредба за 60-часовна работна недела.



Во интервју за Радио слободна Европа вели дека за тоа предупредил и пред пакетот од петте закони да влезе во Парламентот затоа што минатата година Уставниот суд веќе ја прогласи за неуставна таа одредба.

„Значи, главната причина да го потпишам Указот беше тоа што во Законот кој беше усвоен во Парламентот не постои одредба за 60-часовна работна недела.

При тоа, да појаснам дека указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и Бехтел-Енка, ниту пак се однесуваат на составот на Надзорниот одбор кој треба да ја надгледува изградбата на автопатите околу чија што структура се појавија неколку издржани критики во јавноста“, вели Пендаровски.