Парламентарното мнозинство не собра доволно пратеници за да го изгласа предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ АД Скопје околу гасоводот ГА-МА по пат на спогодба. Седницата утрово беше прекината.
Опозицијата се спротивставува на носењето на законот по скратена постапка со кој Владата треба да му исплати 33 милиони евра на Макпетрол, со што практично државата ќе стане целосен сопственик на ГА-МА.
Пратениците цела ноќ дебтираа, расправата заврши утрово без гласање.
Иако беа исцрпени сите 39 дискутанти од опозицијата, сепак, законот не беше изгласан бидејќи не беа присутни доволен број на пратеници од мнозинството.
„21 час непрекината битка во Собрание. Власта не успеа да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГА-МА. Ќе се обидат пак деновиве, но оваа битка во текот на два дена, две ноќи и едно утро покажа дека против ВМРО-ДПМНЕ власта не може“, напиша на фејсбук потпретседателот на ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски.





