Забраната за движење од синоќа во 20 часот до утрово во 5 часот не ја почитувале 21 лице, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава мерката за носење лична заштита на лице ја прекриле 584 лица, информира МВР.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на ковид-19.







