Бугарската академија на науките (БАН) објави книга во која се тврди дека македонската народна песна „Не плачи мајко, не жали“ била дело на дело на поетот Христо Ботев, а не македонска народна песна.
Според бугарски медиуми проф. Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик на БАН, вели дека „постојат застрашувачки многу примери на присвојување на бугарски автори и дела од страна на с. Македонија“.
„Тоа што Ботев е „препеан“, термин кој се користи во Р. Северна Македонија, не е нешто што нѐ изненадува, затоа што од моментот кога е создаден таканаречениот македонски книжевен јазик започнува лавина на извитоперување на фактите…
Книгата на БАН во која ја обвинуваат Македонија за кражба на литературно творештво е на околу 60 страници за, според нив, да може полесно да се разбере, побрзо да се прочита, меѓу другото и од „бугарските партнери“ во Западна Европа, а објавена е и на англиски јазик.
Кочева за бугарските медиуми вели и дека „постојат докази дека македонскиот јазик е прекодифициран бугарски книжевен јазик“ и смета дека се прави грешка кога се вели дека македонскиот е дијалектна форма на бугарскиот јазик.
Во продолжение доказ кој што позајмува





