МВР информира дека се воведува поради пристигнувањето на поголем број на странски делегации кои ќе учествуваат на неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.
„Во вторник и среда (21 и 22 ноември), Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото градско подрачје. За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците“,известуваат од МВР.






