„Имаме план за дополнителни рестрикции согласно со некои мерки, ќе го промовираме наскоро. Тоа значи дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или е потенцијален ризик“, вели министерот за здравство Венко Филипче.



Тој во интервју за МКД.МК вели дека здравстевниот систем се подготвува за лоши сценарија со многу пациенти во наредните месеци, дека како меѓу рестриктивните мерки се враќање на полицискиот час, затворање на училиштата и угостителските објекти и забрана за собири.

Според него, полошо сценарио би значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои би ги окупирале истите одделенија на кои сега лежат пациенти со ковид.

„Точно предвидување никој не може да каже, ниту една од земјите и во регионот и во Европа немала есен со пандемијата“, додава Филипче.