Не носеле шамија: Ирански актерки уапсени за делување против власта

Две истакнати ирански актерки беа уапсени поради јавно поддршка на масовните антивладини протести.



И двете жени претходно се појавија во јавноста без шамии како гест на солидарност со демонстрантите, кои протестираат од септември по смртта на Махса Амини (22) во полициски притвор.

Hengameh Gaziani и Katajoun Riah, се обвинети за заговор и дејствување против иранските власти.

Тие вчера се приведени по наредба на државното обвинителство.

Пред нејзиното апсење, Газиани на социјалните мрежи напиша „што и да се случи, знајте дека секогаш ќе бидам со народот на Иран“.

„Ова можеби е мојата последна објава“, додаде таа.